Од моќниот Каберне совињон до свежиот Совињон блан – секој хороскопски знак има своја винска препорака. Проверете кое вино најдобро се совпаѓа со вашиот темперамент.
Изборот на вино не е само прашање на вкус, туку и дел од ритуалите за опуштање, дружење и прославување. Според астролошките толкувања, карактеристиките на хороскопските знаци можат забавно да се поврзат со различни вински сорти.
Еве што им се препорачува на сите 12 знаци:
Поврзани објави
-
Овен – Каберне совињон: Моќно црвено вино со интензивни ароми, кое одговара на енергичниот и темпераментен Овен.
-
Бик – Малбек: Богато и кадифено вино, идеално за љубителите на добрата храна и малите луксузни задоволства.
-
Близнаци – Зинфандел: Разновидно црвено вино со променливи овошни и зачински ноти, како и самиот знак.
-
Рак – Пино ноар: Лесно и елегантно вино со овошни ароми, за чувствителниот Рак кој ги сака мирните вечери.
-
Лав – Сира: Интензивно вино со полно тело и зачински вкус, исто толку впечатливо како и Лавот.
-
Девица – Шардоне: Урамнотежено бело вино со нежни овошни ароми, за практичниот љубител на квалитет.
-
Вага – Совињон блан: Свежо и ароматично вино кое ги спојува леснотијата и хармонијата.
-
Скорпија – Бордо: Комплексно црвено вино со повеќе слоеви на вкус, за мистериозниот и страствен Скорпија.
-
Стрелец – Мерло: Овошно и разновидно вино за авантуристите кои сакаат нови искуства.
-
Јарец – Шабли: Суво бело вино од сортата Шардоне, со минерални ноти и елегантен карактер.
-
Водолија – Вионие: Ароматично бело вино со цветни ноти и вкус на праска и кајсија, за оние што сакаат нешто поинакво.
-
Риби – Санцер: Свежо бело вино од сортата Совињон блан, со цитрусни и минерални ароми, за романтичните сонувачи.
Секако, овие препораки се дел од забавната страна на астрологијата, а не научно правило. На крајот, најдоброто вино е она што навистина ви се допаѓа.
Фото: pexels