Познатиот музичар Горан Бреговиќ инвестираше во луксузна и модерна вила на Сењак, која сега е достапна за изнајмување.
Горан Бреговиќ, познат по својата музичка кариера и љубовта кон недвижностите, ја претвори својата вила на престижниот белградски кварт Сењак во вистински паметен дом. Со инвестиција од околу 2 милиони евра, вилата со големина од 300 квадратни метри сега е опремена со најсовремена технологија, вклучувајќи автоматизирани системи за осветлување, безбедност и климатизација.
Една од најимпресивните карактеристики на оваа вила е базенот на кровот, кој нуди панорамски поглед на градот. Внатрешноста на домот е уредена со внимателно избрани материјали и мебел, создавајќи елегантна и комфорна атмосфера.
Заинтересираните можат да ја изнајмат вилата за 8.000 евра месечно, а се споменува дека внатре се снимаат филмови, серии и реклами, што дополнително ја зголемува нејзината атрактивност.
Фотгорафии може да погледнете ОВДЕ
Оваа инвестиција е дел од пошироката стратегија на Бреговиќ за проширување на неговото портфолио на недвижности, кои вклучуваат повеќе од 30 куќи, станови и вили во различни земји.
printskrin Youtube-FACE HD TV goran bregovic