Пејачот освои повеќе од три илјади луѓе со спектакуларен настап, а потоа се препушти на локалните деликатеси.
Фолк пејачот Саша Матиќ одржа незаборавен концерт во Пирот, пред повеќе од три илјади посетители. На омладинскиот стадион „Светислав Кари Пешиќ“ владееше неверојатна атмосфера, а публиката речиси три часа во еден глас ги пееше неговите најголеми хитови.
Секоја песна наиде на громогласни овации, а многумина присутни истакнаа дека ова било едно од најпосетените и најемотивните музички случувања во историјата на градот. Концертот ќе остане запаметен како вечер кога Пирот навистина пулсираше во ритамот на музиката на Матиќ.
Поврзани објави
Иако неговиот престој во градот беше краток, пејачот не можеше да одолее на прочуените локални специјалитети. Тој отворено призна дека уживал во познатата пеглана колбасица и домашниот кашкавал, кои се заштитен знак на пиротската кујна.
Со тоа, вечерта доби уште една убава нота – музичка и гастрономска. Фановите со насмевка коментираа дека Саша Матиќ успеал да го понесе со себе најдоброто од Пирот – љубовта на публиката и вкусот на традицијата.
printskrin Youtube – wtf sasa matic