Почетна Убавина и здравје„Не носам пари на Кајманските Острови“ – Убавина и здравје

„Не носам пари на Кајманските Острови“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

За време на отворањето на новиот центар за нега, убавина и здравје во Белград, кој го основа заедно со својата ќерка Јелена и докторката Милица, Неда Украден без воздржување се осврна и на невистините што се појавија на интернет.

За да стави крај на шпекулациите дека е на платниот список на јавно претпријатие, ги изнесе податоците за својот работен стаж и месечните примања што ги остварила по повеќедецениска успешна кариера.

„Со два факултета и сите можни награди во мојата професија, меѓу кои и најголемите во поранешна Југославија, имам 28 години кариера во Босна и пензија од 62 евра. Во Србија сум од 1992 година и тука пензијата ми изнесува 37.000 динари (околу 315 евра, н.з.), и тоа со сите признанија, како што е „Златниот беочуг“. За среќа, јас многу вредно работам, активна сум и исклучително ценета во регионот“, открила пејачката.

Пејачката нагласи дека целиот свој имот го стекнала исклучиво со сопствен труд, преку концерти и продажба на музички изданија, и дека заработените пари никогаш не ги изнесувала од земјата, туку ги вложувала во семејниот бизнис, кој денес обезбедува егзистенција за голем број луѓе.

„Никогаш во животот не сум тропнала на ничија врата, ниту сум примила плата ниту еден ден. Она што го заработив од плочи, касети и концерти – го заработив, и за тоа е платен данокот. Имаме компанија и сите тие пари ги вложивме тука, вработуваме десетици работници, мојата ќерка и зетот. Не ги изнесувам парите во Лихтенштајн или на Кајманските Острови, туку инвестирам во својот град и издржувам семејства. Наместо да се измислуваат невистини, треба да се каже: ‘Браво, жено, носеше куфери и микрофони низ белиот свет и ги донесе парите тука’“, порачала Неда.

На самиот крај објасни дека нема намера да покренува судски постапки против оние што шират лажни информации, бидејќи смета дека нејзините дела и кариерата зборуваат доволно сами за себе.

„Денес секој има право да напише што сака и не вреди да се губи време на тужби. Мојата сатисфакција се песните и тоа колку значам надвор од границите на оваа земја. Сè она што се обидуваше да ме понижи и уништи остана зад мене. Останаа песната и жената со енергијата што сето тоа го создаде. Преживеавме различни катастрофи, па продолжуваме понатаму“, заклучила пејачката.