Почетна Убавина и здравјеСо својот вкус ги освојува и најголемите сладокусци – Убавина и здравје

Со својот вкус ги освојува и најголемите сладокусци – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Доколку обожавате слатко, но не сакате да поминувате многу време во кујна, овој рецепт е идеален за вас

Ви предлагаме домашен десерт со сладок и кремлив фил на база на шлаг. За приготвување на овој десерт нема да ви требаат повеќе од 20 минути, а неговиот вкус е божествен и совршен за пролетните денови.

Состојки:
  • 350 мл вода
  • 150 г бисквити
  • 500 мл слатка павлака за шлаг
  • 100 г шеќер во прав
  • 500 г сирење маскарпоне
  • 150 г бело чоколадо
  • 150 г чоколаден крем
  • 20 г млечно чоколадо
Приготвување:

Сипете вода во чинија, па кратко потопувајте ги бисквитите и редете ги на днот на калап. Потоа, во друг сад ставете слатка павлака и матете, па додајте шеќер во прав и матете додека се згусне и добиете шлаг.

Додајте сирење маскарпоне и продолжете да матите со миксер, па поделете ја смесата на два дела. Во првиот дел сипете стопено бело чоколадо, па убаво промешајте, а потоа, нанесете половина од смесата врз наредените бисквитите и убаво израмнете со шпатула.


Поврзани објави

Ставете уште еден ред бисквити потопени во вода.

Потоа, во другиот дел од шлагот, ставете чоколаден крем и промешајте за да се соедини убаво. Нанесете половина од смесата врз вториот ред бисквити и израмнете, па повторно наредете бисквити потопени во вода.

Потоа, намачкајте дел од смесата со шлаг и чоколаден крем и наредете уште еден ред бисквити, па нанесете го преостанатиот дел од смесата и одозгора изрендајте млечно чоколадо.

Ставете го колачот во фрижидер два часа, да се стегне.

Во продолжение погледнете ги деталните упатства за приготвување на овој вкусен десерт….