Почетна Убавина и здравјеВодолијата брзо се вљубува, терезијата се фокусира на тоа што го има! – Убавина и здравје

Водолијата брзо се вљубува, терезијата се фокусира на тоа што го има! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за
ОВЕН

Работа: Можна фрустрација поради одложувањето на некој план. Почекајте подобар момент, најдобро е да не форсирате ништо.

Љубов: Нервозата може да предизвика недоразбирања во врската. Дајте си простор себеси и на другите.

Здравје: Чувство на исцрпеност.

БИК

Работа: Не си преземајте повеќе обврски одошто можете да завршите. Денес фокусирајте се на основните задачи.

Љубов: Повлечете се ако забележите дека партнерот почнува да драматизира, денес мирот ви е најважен.

Здравје: Можна главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Бидете внимателни во комуникацијата, бидејќи некој може погрешно да ги протолкува вашите зборови.

Љубов: Искреноста е клучна. Немојте да одбегнувате важни разговори, но одберете го вистинскиот момент.

Здравје: Внимавајте на дишните патишта и имунитетот.

РАК

Работа: Денес може да почувствувате дека емоциите ве одвлекуваат од фокусот. Сепак, не игнорирајте го внатрешниот глас, бидејќи тој може да ве насочи кон вистинскиот пат.

Љубов: Лесно може да пламнат искри, но и недоразбирања. Не реагирајте бурно, убавите зборови денес имаат најголема моќ.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЛАВ

Работа: Можеби работите нема да ви одат онака како што сте си замислиле. Денес, важно е да се приспособите и да го чекате вистинскиот момент.

Љубов: Партнерот може да покаже несигурност, вашата топлина и разбирање ќе бидат клучни за вашето смирување.

Здравје: Обрнете внимание на срцето и крвниот притисок. Одбегнувајте стресни ситуации.

ДЕВИЦА

Работа: Малите препреки што можат да ви искрснат денес изискуваат дополнителна анализа. Не дозволувајте туѓите грешки да ве извадат од такт.

Љубов: Можно е повлекување во тишина. Денес нема да бидете нешто особено расположени за љубовни акции.

Здравје: Исцрпеност, наспијте се доволно.


Поврзани објави

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Иако денот може да биде многу напнат, вашата способност за балансирање може да направи чудо. Бидете дипломати.

Љубов: Обидете се да не се преиспитувате премногу. Фокусирајте се на тоа што го имате, а не на тоа што ви недостасува.

Здравје: Можни проблеми со долниот дел на грбот или бубрезите, не игнорирајте ги симптомите.

СКОРПИЈА

Работа: Интензивните емоции може да ве мотивираат или саботираат, затоа внимателно одбирајте со кого ги споделувате информациите.

Љубов: Доколку сте во врска, денов може да ви донесе и љубомора и подлабоко поврзување, вие ја одбирате насоката.

Здравје: Повеќе вода, помалку кафе, организмот ви бара прочистување и внатрешен мир.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денов не е идеален за големи потези. Обидете се да не преземате дополнителни обврски и фокусирајте се на она што веќе го правите.

Љубов: Нетрпеливоста може да предизвика бурна реакција кај партнерот. Размислете добро пред да кажете нешто во жарот на емоциите.

Здравје: ‘Рбетот и вратот ви се чувствителни точки, затоа обрнете внимание на правилното држење.

ЈАРЕЦ

Работа: Денес може да чувствувате притисок да завршите сѐ веднаш, но мора да бидете трпеливи. Некој од опкружувањето може нема да ја разбере вашата сериозност, обидете се да не се повлекувате, туку јасно изразете ги своите ставови.

Љубов: Можеби имате желба за повлекување, за тишина, но партнерот очекува одговор, присуство, емоции. Доколку сте слободни, возможно е некој од минатото ненадејно да исплива во вашите мисли или да ви се јави.

Здравје: Ви треба добар и квалитетен сон.

ВОДОЛИЈА

Работа: Чувствувате возбуда и желба за напредок, но може да постои напнатост во односите со колегите. Идеите постојано ви извираат, но нивната реализација бара тимска поддршка. Ако наидете на отпор, не повлекувајте се, бидејќи можете да ги инспирирате другите.

Љубов: Привлечноста кон некого може да ве изненади, особено ако станува збор за личност со која имате ментална конекција. Уживајте.

Здравје: Нервозата и напнатоста може да се одразат преку несоница или тензија во рамениците.

РИБИ

Работа: Иако можеби ќе сакате да се повлечете од конкретни обврски, денов ви дава можност за длабоки креативни увиди. Внимавајте да не превидите важни рокови.

Љубов: Можни се емотивни моменти со партнерот или мистериозна размена на погледи со некој кој веќе некое време ве интригира. Врските што сега ги создавате може да имаат длабоко кармичко значење.

Здравје: Зголемената чувствителност може да се манифестира преку алергии или психосоматски симптоми.

ФОТО: Anthony Tran / Unsplash