Почетна Убавина и здравјеСопругот ја оставил, а децата се срамат од неа – Убавина и здравје

Сопругот ја оставил, а децата се срамат од неа – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Емили Нутлеј работела како училишна советничка, па ја искористила својата позиција за да злоупотребува и демне 17-годишен ученик, а последиците биле страшни

Емили Нутлеј е 43-годишна училишна советничка осудена на три години затвор поради врската со 17-годишен ученик. Мажената жена и мајка на три деца, плачела и го молела судот да ѝ дозволи да биде пуштена на слобода под надзор, но не ја послушале.

Емили признала дека имала интимни односи со 17-годишен ученик во својата канцеларија во престижно средно училиште, каде што требала да им дава поддршка на најзагрозените ученици.

„Преминав граница што никогаш не смееше да биде премината“, рекла Емили Нутлеј на сослушувањето.

„Секој ден размислувам за последиците од моите постапки. Го изгубив сопругот, домот, пријателите. Им нанесов страдање и срам на моите деца“, рекла жената.

Нејзиниот сопруг поднел барање за развод кратко откако избил скандалот.

Емили имала неколку интимни средби со ученикот, вклучувајќи ја и таа во нејзината канцеларија во средното училиште. Момчето кажало дека Емили му се заканила дека ќе си го одземе животот ако се обиде да ја прекине врската. Тинејџерот го опишал злоупотребувањето кое се случило за време на есенското тримесечие во 2023 година.

Му испраќала експлицитни слики на тинејџерот

За време на судењето, излегло дела Емили разменувала експлицитни фотографии со тинејџерот. Исто така, му нудела месечна исплата, дури и му ги давала одговорите на прашањата од тестот што требало да го полага.


Поврзани објави

Обвинителите рекле дека жената ја искористила најранливата личност што можела да ја најде. Барале казна од најмалку пет години затвор. Докторот што го ангажирала одбраната ја опишал Емили како скршена жена, која се бори со менталното здравје и зависностите.

„Не ме оставаше на мира“

Жртвата барала од судот казна од 10 години затвор за злоупотребувачот, велејќи дека тоа искуство засекогаш му го променило животот.

„Кога почна злоупотребувањето, не сфатив дека сум манипулиран“, рекол младичот во изјавата што ја прочитале во судницата.

„Не ме оставаше на мира. Ми кажа дека ќе се самоубие ако ја оставам. Дури и на спортски настани луѓето и понатаму ми дофрлаат поради неа“, раскажал тинејџерот.

Емили се изјаснила како виновна по две точки од тужбата за сексуален напад. Покрај трите години затвор, судијата наредил жената да биде под надзор пет години откако ќе биде пуштена на слобода и да се регистрира како сексуален престапник од трето ниво, што значи дека треба да им се пријавува на властите на секои 90 дена до крајот на животот.

ФОТО: ЈУТЈУБ