Table of Contents
Дали сте дел од непоправливите сонувачки или од брзоплетите жени кои завршуваат во токсични врски?
Хороскопот може да ни открие многу за нашиот карактер. Според астрологијата, некои жени се непоправливи сонувачки, кои не гледаат ништо лошо и наоѓаат оправдување за сите грешки на партнерот, а некои се толку брзоплети што воопшто не размислуваат пред да започнат врска и така и едните и другите завршуваат со комплетно погрешни партнери.
Астрологијата тврди дека жените родени во следниве три хороскопски знаци секогаш се „лепат“ за погрешни мажи…
Овен
Жените родени во знакот Овен се храбри, полни се со авантуристички дух и нив ги привлекува возбудата што ја носи брзото секојдневје. Но овој бестрашен пристап кон животот понекогаш може да ги однесе во прегратките на маж кој не го бара истото ниво на посветеност. Поради својата импулсивна природа, честопати не ги гледаат знаците на предупредување, па пред да го сфатат тоа, завршуваат во лоша љубовна врска, кој воопшто не е во склад со нивните долгорочни планови и цели.
Поврзани објави
Близнаци
Жените родени во овој знак се познати по брзоплетоста, шармот и дружељубивата природа. Иако овие квалитети ги прават магнети за спротивниот пол, тие исто така можат да ги одведат и до мажи кои не се секогаш искрени во своите намери. Двојната природа на Близнаците знае да им предизвика борба помеѓу желбата за длабока емоционална врска и површната привлечност. Токму затоа често завршуваат во врски на кои им недостасува длабочината по која тие, всушност, трагаат.
Терезија
Жените Терезии се вистински романтичарки, секогаш се во потрага по совршена љубовна приказна. Но оваа потрага по идеализирана романса може да ги наведе да ги игнорираат знаците на предупредување и да завршат со мажи кои не се на исто емоционално ниво како нив. Терезиите имаат вродена желба за хармонија, а тоа понекогаш толку знае да ги заслепи што не гледаат дека партнерот не им искажува еднакво ниво на посветеност. Сето тоа на крајот доведува до незадоволство, бидејќи врската не е здрава.