Почетна Убавина и здравјеНајдобрите замени за хидратантна крема – Убавина и здравје

Најдобрите замени за хидратантна крема – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Доколку имате сува кожа испробајте ги овие замени за хидратација.

Првата препорака што ќе ја добиете од дерматолог е дека треба да креирате индивидуална рутина за нега токму за вашите потреби. Тоа ќе вклучува хидратантни креми, лосиони, маски… Но, што ако треба вашата кожа веднаш да се хидрира? Ова се ефективни замени кои можете да ги користите наместо хидратантен крем.

Најдобрите замени за хидратантни креми

1.Масла и путери како шеа путер

Ако чувството на маснотија е она што не ви се допаѓа кај хидратантниот крем, експертите предлагаат да користите масло за лице за да ја блокирате влагата. Постојат многу масла кои се лесни, лесно апсорбирани, некомедогени и погодни за секојдневна употреба. Користете природни масла, на пример шеа путер кој е една од најпопуларните козметички состојки.

2.Серуми за нега на лице


Поврзани објави

Доколку не сакате масла, серумите за лице се одлично и ефикасно решение. Серумите се одлични за хидратација доколку содржат состојки како арган, авокадо или маслиново масло. Маслата обезбедуваат омега-3 масни киселини кои го одржуваат липидниот слој влажен, а исто така имаат и антиинфламаторно дејство.

3.Мед

Ако барате природен производ  за навлажнување на вашата кожа, тоа е дефинитивно мед. Медот е најразновидна состојка: обезбедува влага, има антибактериски својства и има антиоксиданси кои помагаат во борбата против стареењето.

4.Домашен крем од авокадо

Друга одлична опција е да направите сопствена маска или хидрантно средство за чистење. Одлични состојки се кокосовото масло, авокадото и медот. Не заборавајте на куркумата ако сакате и ефект против стареење.

Фото: Freepik.com