Можете да ги јадете со шеќер, џем и чоколадо или со јогурт, сирење или печеница
Фритолите се сицилијански десерт што потсетува на крофни, но многумина ги јадат и во солена варијанта со јогурт, сирење, печеница и слично. Нема некој што ги пробал, а не ги засакал!
Состојки:
- 2 јајца
- 1 лажиче шеќер
- 1/3 лажиче сол
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 200 мл јогурт
- 200 г брашно
Приготвување:
Поврзани објави
Изматете јајца, додајте шеќер, сол и јогурт, па изматете и соединете го сето тоа заедно. Измешајте брашно со прашок за печиво и додајте го во смесата. Мешајте за да исчезнат сите грутки, а тестото да стане густо.
Загрејте масло на средна температура и полека со лажица спуштајте од смесата, сами ќе се формираат топчиња. Внимателно вртете ги за да добијат златна боја од сите страни – ако се во длабоко масло, сами ќе се вртат.
Вадете ги на хартија за да се впијат вишокот маснотии. Послужете ги слатки или солени – изборот е ваш.
Добар апетит!
ФОТО: UNSPLASH