Почетна Убавина и здравјеАна Николиќ ги откачи мајка си и братот! Не им ја отвори вратата – едно нешто не може да им го прости

Ана Николиќ ги откачи мајка си и братот! Не им ја отвори вратата – едно нешто не може да им го прости

од nenad
2 минути читај за

Пејачката Ана Николиќ повторно е во центарот на вниманието – овојпат поради семејната драма која ги потресе нејзините најблиски.

Неодамна, мајка ѝ Милијана и брат ѝ Марко се појавиле пред нејзиниот стан, но Ана – иако била дома – не им отворила врата.

Лута и затворена во себе

Според извор близок до пејачката, ова не треба да изненади, бидејќи Ана е сè уште лута на семејството поради нивниот став во врска со скандалот со Горан Ратковиќ Рале.

Ана е многу лута, особено на мајка ѝ. Верува дека таа застанала на страната на Рале по нивното раскинување, па дури и откако тој јавно призна дека Милијана му рекла дека ‘малку ја тепал Ана’. Тоа ја повреди, па одлучи целосно да се дистанцира“, открива изворот.

И мајката и братот се обиделе безброј пати да ја добијат на телефон, но безуспешно. Затоа одлучиле лично да ја посетат – и пак останале пред затворени врати.

Од љубов до лутина

Иако односите меѓу нив често се движат по принципот „топло-ладно“, блиските тврдат дека оваа криза нема да трае долго:


Поврзани објави

Ќе се смират за неколку дена. Сепак, тие се семејство, а Ана добро знае дека никој не ја сака повеќе од нив.“

Да потсетиме, братот Марко долги години ѝ беше менаџер, а иако професионално се разделија, Ана често нагласувала дека љубовта кон него е еднаква со онаа што ја чувствува кон ќерката Тара.

Во една емисија таа искрено призна:

Мојот брат го живееше мојот живот и тоа не беше лесно. Се сакаме, иако сме инаети и се караме. Тој е строг, прецизен, јас сум темпераментна – затоа често се судираме.“

Семејна сага што продолжува

Иако сега не разговараат, извесно е дека смирувањето е прашање на време. Ана и нејзините најблиски одамна се познати по бурните, но нераскинливи врски.

Фото: Инстаграм