Ви откриваме рецепт за највкусната вечера – потпечени палачинки
Еднаш кога ќе го пробате ова јадење, секогаш ќе ги приготвувате палачинките на овој начин. Уживајте во богатите вкусови!
Состојки:
За пирето:
- 500 г компир
- путер
- 100 мл млеко
За палачинките:
- 2 јајца
- 200 мл млеко
- 200 мл вода
- 200 г брашно
- 2 лажици масло
- прстофат сол
Поврзани објави
За филот:
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 250 до 300 г пилешко филе
- сув зачин, бибер, оригано, кари, масло
- 200 г рендан кашкавал
Приготвување:
Најпрво пригответе пире, така што во сварениот компир ќе додадете путер и млеко, па убаво ќе изматите. Додајте зачини по вкус.
Пригответе палачинки од горенаведените состојки, па пригответе го и филот така што ќе исечкате кромид, ќе изрендате морков и пилешко филе, па ќе ги пропржите на малку масло. Додајте зачини како бибер, оригано, кари.
Преку палачинките нанесете пире, па додајте од филот и завиткајте ги како сарма. Редете ги во намрсен огноотпорен сад, една до друго. Одозгора додајте 200 г рендан кашкавал. Потпчете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.
ФОТО: Oleg Saprykin / Unsplash