Поп-ѕвездата покажа како со еден чекор да направите најкрцкав компир што сите ќе го обожаваат.
Покрај музиката и семејството, пејачката Сека Алексиќ има уште една голема љубов – готвењето. Нејзините гастрономски вештини ги покажа и во кулинарското шоу „Маjке и снаjке“, каде што неодамна сподели неодолив трик за совршен помфрит.
Компирот се лупи и сечка на резанки. Потоа, прво се вари но да не биде многу мек, полу варен, потоа се цеди и веднаш се става во врело масло“, откри Сека Алексиќ.
Овој метод ги воодушеви и натпреварувачките и жирито, кои признаа дека досега не го знаеле овој едноставен, но генијален чекор.
Фановите на емисијата веднаш започнаа да го тестираат рецептот, а многумина веќе го прогласија за најдобар начин за подготовка на крцкав помфрит. Иако Сека внимава на исхраната, особено во периоди на пост, понекогаш не одолева на вакви задоволства.
На нејзиниот Инстаграм профил често може да се види како експериментира во кујната, а ова не е првпат да ги воодушеви следбениците со совети и рецепти. Без разлика дали сте почетник или искусен во кујната – вреди да го пробате ова задоволство!
printskrin Youtube-extra FM seka aleksic