И покрај сите спортски триумфи, Ѓоковиќ жали за нешто што не успеал да го постигне и тоа ниво – факултет.
Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ има сè – титули, пари, хармонично семејство – но постои една желба која останала неисполнета: универзитетска диплома. Неговото образование било жртвувано поради врвната спортска кариера која ја започна уште во детството.
Жал ми е што не можев да одам редовно на училиште како моите врсници. Недостигаат факултетските денови, дружењето, процесот на учење. Образованието е важно – не само за знаење, туку за зрелоста на човекот“, изјави Новак Ѓоковиќ во едно интервју.
Тој уште на 12 години заминал на тениската академија на Никола Пилиќ, а образованието се обидел да го продолжи во спортска гимназија. Но, како што раскажа неговата мајка Дијана Ѓоковиќ, училиштето немало разбирање за неговите обврски и бил испишан.
Сепак, Ѓоковиќ има завидно знаење и култура. Иако не стекнал формална диплома, зборува повеќе јазици и постојано се надградува. Тој е пример дека вистинската едукација не секогаш мора да се стекне во училница – понекогаш животот е најголемиот универзитет.
jelena-i-novak-djokovic-instagram naslovna