Адријана Лима направила хаос синоќа во Њујорк
Адријана Лима повторно ги стави крилјата на своите раменици и заблеска на познатата ревија на брендот за долна облека „Викторија Сикрет“. Се чини дека покрај неа ниту една друга манекенка не можела да дојде до израз, бидејќи атрактивната Бразилка несомнено го украде шоуто синоќа!
Заблеска во две комбинации што ѝ го истакнаа секој дел од нејзиното затегнато тело – нејзината трансформација навистина е неверојатна. Многумина коментираат дека сега е поубава одошто на почетокот од кариерата, но има и такви што не го делат тоа мислење.
Поминаа шест години откако Лима објави дека се повлекува од модните писти во ноември 2018, по речиси две децении активно учество во претставувањето на моделите на „Викторија Сикрет“. Но синоќа се врати во полн сјај, па се чини како воопшто да не си ни заминала.
Двапати се појави на пистата во многу провокативни стајлинзи. Првиот пат се прошета во многу интересна црно-розова комбинација.
Но кога зачекори на пистата во црвен стајлинг и со крилја во истата боја, луѓето останаа без зборови.
Сепак, откако стивна возбудата, на социјалните мрежи се појавија и не толку убави коментари. Имено, многумина ја предупредуваат Лима дека би требало да престане со слабеењето, бидејќи како што потенцираат одредени корисници на мрежата Х, на раб е за да стане анорексична.
Поврзани објави
Исто така, повторно започнаа шпекулациите за тоа дали и какви естетски корекции има правено на лицето, па многумина коментираат дека лицето ѝ е „презатегнато“.
На пистата ѝ се придружиле и нејзините познати колешки: Тајра Бенкс, Јасмин Тукс, Кендис Свонпул, Барбара Палвин, Бехати Принслу, Доузен Крос и Тејлор Хил.
За забавата по модната ревија одбрала мало црно фустанче, додека косата ја собрала во пунџа.
Адријана првпат потпишала договор со „Викторија Сикрет“ во 1999 година, набрзо се истакнала како нивно заштитно лице, а модните ревии на овој бренд за долна облека станаа еден од најважните модни настани во годината.
ФОТО: Инстаграм