Огњен Амиджиќ откри дека преговорите со „Пинк“ се во тек, но сè уште ништо не е официјално
Познатиот водител Огњен Амиджиќ се најде во центарот на вниманието по шпекулациите дека би можел да ја преземе улогата што ја имаше покојниот Саша Поповиќ во големите музички формати. Тој е во преговори со челниците на телевизија „Пинк“ за ангажман во популарното натпреварување „Пинкови ѕвезди“, а веста веќе предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Според медиумите, доколку се постигне договор, Амиджиќ ќе биде оној кој ќе им соопштува на кандидатите дали продолжуваат во следниот круг. Од есен шоуто стартува на „Пинк“, а во жирито ќе седнат звучни имиња – Десингерица, Драган Стојковиќ Босанац, Зорица Брунцлик, Вики Милјковиќ и Јелена Карлеуша. Фановите веднаш повлекоа паралела со „Ѕвездите на Гранд“, каде што Саша Поповиќ имаше клучна улога во донесувањето одлуки.
Поврзани објави
Иако му се припишува позиција која може да го издигне на ново ниво во кариерата, Амиджиќ остана воздржан во своите изјави.
Сè уште сме во преговори, ништо не е озваничено која ќе биде мојата улога. Сигурен сум дека сè ќе биде објавено кога ќе постигнеме договор,“ изјави водителот.
printskrin Youtube – iz profila ogi amidzi