Пејачката ја смени препознатливата розова коса со неочекувана нијанса, предизвикувајќи бурни реакции на социјалните мрежи.
Познатата српска фолк пејачка Зорица Брунцлик, која со децении е симбол на сцената со својата препознатлива розова коса, ги изненади фановите со драстична промена на изгледот.
На социјалните мрежи се појави видео во кое Брунцлик се појавува со светла, речиси платинеста руса коса, што предизвика бројни коментари и шпекулации меѓу обожавателите.
„Не можев да поверувам дека тоа е таа!“, „Зорица изгледа 20 години помлада!“ – се само дел од реакциите на социјалните мрежи.
Поврзани објави
Иако не е познато дали оваа промена е трајна или само за потребите на некој проект, фановите со нетрпение очекуваат официјално објаснување од пејачката.
printskrin Youtube-blic