Новак сметал дека можеби со промена на однесувањето ќе биде прифатен, но и покрај напорите, тоа не се случило…
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, емотивно раскажа колку му било тешко да биде прифатен покрај Роџер Федерер и Рафаел Надал. Со искрено признание, тој истакна дека никогаш не се чувствувал еднаково сакан како неговите најголеми ривали.
Во интервју за швајцарски портал, Ѓоковиќ раскажа дека се сметал себеси за „несакано дете“, третото по ред што дошло да владее на сцената. Рече дека многумина сметале дека тој не припаѓа таму и дека тоа често го повредувало.
Новак сметал дека можеби со промена на однесувањето ќе биде прифатен, но и покрај напорите, тоа не се случило. Често се борел со прашањето зошто никој не му дава исто внимание и љубов како на неговите ривали.
Сепак, Ѓоковиќ покажа големина и истакна дека секогаш ги почитувал Федерер и Надал. Никогаш не рекол лош збор за нив и смета дека борбите на теренот треба да останат борба, а односите надвор од него да бидат коректни.
printskrin Youtube-RTCG novak dzokovic