Еден Мексиканец имал речиси 600 килограми, а поради својата тежина не можел да излезе од дома
Хуан Педро Франко бил толку тежок што не можел ни да го одвлече своето тело до тоалетот, но сега е непрепознатлив.
Овој 40-годишен маж вложил големи напори да ги симне килограмите откако застрашувачкото животозагрозувачко искуство го поттикнало на акција. Хуан почнал да се бори со килограмите уште како дете, што почнало да се забележува кога имал 6 години.
Неговата повреда во тинејџерските години ги влошила работите и до 17 години неговата тежина пораснала на 228 килограми. Хуан го срушил светскиот рекорд кога имал 32 години со своите неверојатни 595 килограми, кои го врзале за креветот.
„Само ако успеете да ги подигнете рацете и да станете по чаша вода или за да одите во тоалет, се чувствувате одлично“, изјавил тој.
Бил потребен тим од осум силни луѓе за да го преместат, а тој не можел да оди во тоалет без помош, што значи дека бил принуден да носи пелена.
Хуан изјавил за Гинисовата книга на рекорди:
„Моето тело само го следеше својот пат, без никаква контрола. Се обидував да држам диети, но ништо не успеваше и станав очаен.“
Поврзани објави
Откако сфатил дека ако продолжи со овој начин на живот, неговата тело ќе пропадне, Хуан побарал помош.
Специјалист за гојазност во Гвадалахара, Мексико, се согласил да го оперира. Хуан успеал да го напушти својот кревет првпат по неколку години за да оди на операција.
Додека бил во болница му било дијагностицирано дијабетес тип 2, дисфункција на тироидната жлезда, хипертензија и течност во белите дробови.
„Најважно ми е повторно да одам. Не излегував од дома шест години, ниту одев некаде“, рекол тој тогаш.
До 2017 година веќе изгубил 165 килограми, што му било доволно да направи втора операција, која му го променила животот и му овозможила намалување на желудникот. По операцијата добил нов живот и продолжил да ја менува исхраната, како и да практикува режим на вежбање. Продолжил да ги симнува килограмите и изгубил третина од својата телесна тежина до 2019 година.
До 2023 година имал 260 кг.
„Фантастично е чувството кога можете да се движите повеќе и да бидете позадоволни од себе“, изјавил тој.