Искрено сум задоволен што сме во близина на Заливот на коските, најпосетениот музеј во Македонија, кој од денес ќе биде попристапен благодарение на обновениот пат. Особено ме радува што овој проект е реализиран.
“Овој пат е витален за целото крајбрежје, за целиот туризам.”
Вицепремиерот Александар Николоски на свеченото отворање на реконструираниот патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум изјави: “Она што ми е особено драго е што се направи еден модерен пат по којшто полесно и побрзо ќе можат да стигаат луѓето кои што живеат на овој дел од езерото, но исто така и туристите да пожат многу полесно да комуницираат.”
Тој додаде: “Овој пат не беше реконструиран, не беше чепнат на одредени делници од годините кога беше првпат правен, кога во поранешната држава практично генералот (Васко) Карангелевски практично го пробивал овој пат.”
Николоски во своето обраќање истакна дека од тогаш до оваа реконструкција најголемиот дел од патот не бил обновен. “Еве го сега завршен, реконструиран и како што кажав во можност да помогне на туристите и жителите полесно да комуницираат,” рече тој.
“Пред нас имаме уште големи проекти, оваа Влада е само 11 месеци. Влада која се соочи со огромни проблеми. Седум години имаше пустош во Македонија. Инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект,” потенцираше Николоски.
Тој понатаму изјави: “Целосно застанат, имаше проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот, дали се однесуваа на лошо проектирање, но влеговме ги решивме проблемите.”
Фото: Влада