Само неколку недели по сообраќајниот удес, пејачот повторно застана пред микрофон и најави нова песна.
Дарко Лазиќ повторно ја изненади јавноста, појавувајќи се во музичко студио само неколку недели по сообраќајната несреќа во која учествуваше со својата сопруга. Пејачот сними нова песна и сподели дел од атмосферата со следбениците.
На снимка објавена на Инстаграм се гледа како Лазиќ во студиото изведува стихови од необјавена нумера, со што испрати порака дека, и покрај проблемите, не се откажува од музиката. Тој пее за сомнежи, љубов и предавање на срцето „како на дланка“.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ
Поврзани објави
Да потсетиме, пејачот и неговата сопруга Катарина неодамна доживеаја сообраќајна несреќа кај Генекс, во близина на Белградската арена. Тогаш нивниот автомобил удри во автобус, а подоцна беше утврдено дека Лазиќ имал висок процент алкохол во крвта.
И покрај критиките што ги доби по инцидентот, неговото брзо враќање на сцената покажува дека е решен да ја продолжи музичката кариера. Настапот во студиото се толкува како најава за ново музичко поглавје.
printskrin youtube – darko i katerina lazic