Почетна Убавина и здравјеКејт никогаш не била погорда, не можела да ги скрие емоциите – Убавина и здравје

Кејт никогаш не била погорда, не можела да ги скрие емоциите – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Кралското семејство приредило специјална божиќна програма за народот, а главната улога ја имала Кејт Мидлтон

Годишниот концерт на божиќни песни на принцезата од Велс синоќа беше емитуван за гледачите ширум Велика Британија. Настанот снимен на 5 декември во Вестминстерската опатија во Лондон бил искомбиниран со видео од замокот Виндзор во кое Кејт заедно со Шарлот свират клавир.

Мајката и ќерката ја извеле песната Holm Sound од Ерланд Купер, чие дело е инспирирано од природата и поврзаноста – сето она што Кејт Мидлтон го има наведено како неопходно за закрепнувањето од болеста.

Кралските обожавателите биле воодушевени од појавувањето на принцезата Шарлот во споменатото видео, додека сите медиуми пренесуваат дека таа ѝ е десна рака на Кејт, некој кој најмногу ѝ помага.

Чувство на голема гордост блескало на лицето на идната кралица додека ја гледала својата ќерка.

Поврзани објави

По овој концерт, гледачите можеле да го видат кралското семејство, сите на куп, како одат на вечерна служба за Бадниковата вечер.

Кејт била домаќинката на настанот, додека Вилијам и децата дошле подоцна.

Покрај нив, на свеченоста присуствувала Софија, војвотката од Единбург (60), сопруга на братот на кралот Чарлс, принцот Едвард, потоа Зара Тиндал (44), ќерка на принцезата Ана, во придружба на својот сопруг, поранешниот рагби-играч Мајк Тиндал (47).

На настанот биле поканети и ќерките на осрамотениот принц Ендру, Беатрис и Јуџин, но тие не се појавиле.

ФОТО: Инстаграм