Пејачката ја изненади јавноста со нова боја на коса, а реакциите на фановите се поделени.
Стоја Новаковиќ уште еднаш покажа дека сака експерименти со својот изглед. Пејачката објави фотографии со нова фризура – овој пат се одлучи за пепеласто плава боја, иако само пред два месеца беше во ‘рѓа нијанса.
Промената ја сподели на Инстаграм, каде што следбениците веднаш започнаа со коментари. Додека едни сметаат дека руса коса одлично ѝ стои, други се прашуваат зошто толку често го менува имиџот.
„Ги менува како чорапи“, „Што ѝ беше ова потребно“, „Подобро ѝ стои плава отколку ваква“, само се дел од реакциите на социјалните мрежи.
Поврзани објави
Сепак, пејачката не посветува внимание на критиките.
Стоја гордо истакна дека е задоволна од својот нов изглед и порача дека најважно е таа самата да се чувствува убаво и сигурно во своја кожа.
printskrin youtube – telegraf – stoja