Таа е доказ дека никогаш не е доцна да се сврти нов лист и да се почне од почеток
Славната британска манекенка Кара Делевињ (32) ги изненади сите со својот изглед на Филмскиот фестивал во Кан. На премиерата на филмот The History of Sound таа покажа драстична промена на имиџот – темната коса со кркми потполно ја трансформира, поради што многумина не ја препознаа на прв поглед.
Носела раскошен бордо фустан со прерамки, во кој тетоважите на нејзините раце дошле до израз, додека трпеливо им позирала на бројните фотографи на црвениот килим.
Веќе наредниот ден на истиот фестивал повторно се појавила со својата препознатлива светла коса, со што потврдила дека станувало збор само за перика.
Поврзани објави
Кара пред три години одлучила да побара стручна помош за борбата со зависности, откако ги загрижила своите најблиски, но и пошироката јавност. Во септември 2022 година, манекенката била фотографирана на аеродром во Лос Анџелес како едвај стои на нозе, видно запустена и по чорапи. Овие фотографии ги покренаа гласините дека манекенката ќе биде само уште една славна жртва на пеколот на дрогата.
Потоа, нејзината пријателка, актерката Марго Роби, била видена како излегува од куќата на Кара расплакана, па многумина заклучиле дека солзите биле предизвикани токму од влошената физичка и психичка состојба на манекенката. Во интервју за магазинот Variety од 2024 година, Кара искрено зборувала за својот пат кон излекувањето:
„Без разлика дали зборувам за анксиозност, депресија или лечење зависности, чувствувам дека им должам искреност на луѓето. Животот не е совршен, никој од нас не е совршен. Затоа, најмалку што можам да направам е да бидам искрена“, изјавила тогаш.
Откако побарала стручна помош, што се забележува и сега, Кара блеска каде и да се појави. Фокусирана е на својата работа и на девојка ѝ Лија Мејсон, попозната како Минки. Животот ѝ тргнал во одлична насока. На почетокот, луѓето немаа голема надеж дека ќе се извлече, но таа успеа да ги демантира сите.
ФОТО: Инстаграм