Почетна Убавина и здравјеПотпечени шницли што ќе ве воодушеват со вкусот и мекоста – Убавина и здравје

Потпечени шницли што ќе ве воодушеват со вкусот и мекоста – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Овој ручек е идеален за викенд, бидејќи брзо се приготвува и нема да го поминете целиот ден во кујна

Состојки:
  • ½ кг компири
  • 2 дл млеко
  • 1 лажица кајмак
  • малку сол
  • 300 г пилешки, јунешки или свински шницли
  • масло
  • брашно по потреба
  • мешан зачин
  • 100 г сирење трапист
Приготвување:


Поврзани објави

1. Сварете го компирот, изматете го со млеко и кајмак и префрлете го во подмачкан огноотпорен сад.

2. Додека компирот се вари, пригответе ги шницлите. Исчукајте го месото со чекан и зачинете го по вкус. Загрејте масло во тавче, извалајте ги шницлите во брашно и пржете ги во врело масло. Намалете ја температурата, превртете ги шницлите, поклопете ги и динстајте 10 минути.

3. Ставете ги готовите шницли преку пирето од компир, заеднот со сосот во кој се пржеле, посипете ги со рендан трапист и потпечете ги десетина минути на 200 степени. Послужете ги со салата по желба.

ФОТО: el_duderino123 / Pixabay