Пејачката во средата пристигна во Загреб и ја одржа првата кореографска проба за концертот што ќе се одржи во петок…
Во четврток навечер Милица Павловиќ за првпат ќе влезе во Загребската Арена, каде техничкиот тим со денови ја подготвува џиновската сцена. Милица со себе донела екипа од над 100 луѓе од Белград, додека останатите се од Хрватска.
Со денови се шпекулира кои ќе бидат гости на концертот. Милица претходно најави дека ќе има двајца гости – еден од Србија и еден од Хрватска.
Таа откри дека гостинот од Хрватска е жена и дека учествувала во Дора, што предизвика бројни полемики и шпекулации за кого всушност зборува.
Поврзани објави
Во последен момент, по концертот во Спенс, на екипата и се придружи уште еден гостин, но Милица во строга тајна го чува идентитетот на третото лице кое ќе пее со неа на сцената во Загреб, а само накратко изјави дека тоа е голема ѕвезда.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: