Парфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток. Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на BOÜDOIR – The House of Fragrance, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во East Gate Mall во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда.
По своето присуство во Битола, BOÜDOIR ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови.
Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како Atelier Des Ors, Profumum Roma, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз.
Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство.
Поврзани објави
Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, BOÜDOIR го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи.
Со отворањето во East Gate Mall, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото.
Текст и фото: ПР