Почетна Убавина и здравјеТато, јас толку многу го сакав. Зошто си отиде? Зар друго девојче повеќе ќе го сака од мене?

Тато, јас толку многу го сакав. Зошто си отиде? Зар друго девојче повеќе ќе го сака од мене?

од nenad
1 минути читај за

Татко и и’ подаде еден голем балон со ликот на едноокиот минион. Теона потскокна од радост, бидејќи многу ги сакаше минионите. Си играше со него но во еден момент несакајќи го испушти и тој полета нагоре. Не и ни мафна со рака. Не ја ни погледна. Таа почна тажно да липа. Татко и ја тешеше дека ќе и купи друг балон. Ист таков. Но Теона го сакаше баш тој, едноокиот насмеан минион.

– Тато, ама јас толку многу го сакав. Зошто си отиде? Зар друго девојче повеќе ќе го сака од мене?

– Теона, сонце мое, балоните се такви… Не знаат дека вистинската слобода е во рацете на некој што ги сака. Но ти си малечка и тоа се уште не можеш да го разбереш.

На Теона и остана жал во душичката… не и беше јасно зошто и се случи тоа. Но понатаму животот ќе ја научи дека и луѓето исто како балоните, ќе се надујат и ќе се дигнат барајќи некаква слобода надвор од рацете на оние кои ги сакаат и им се радуваат. Но најчесто таму некаде во висините ќе останат сами, препуштени на ветриштата. Се додека не спласнат, и паднат ниско… многу ниско. Се додека така згужвани не се заплеткаат во рацете на некоја грмушка. Се додека не дојде ѓубреџијата да ги собере.

За нарачки од авторот:  http://dragantanevski.com/%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8/