Меланија Трамп го направи она што никој не го очекуваше од неа – нејзиниот мрачен стил ја најави новата ера
Меланија Трамп сите ги изненадила кога на инаугурацијата на својот сопруг Доналд Трамп се појавила во мрачно издание: темносин фустан шиен по мерка од американскиот дизајнер Адам Липес, долг темен капут со остар крој и шешир.
Првата дама на Америка останала мистична до крајот, бидејќи дискутабилниот шешир ги криел нејзините очи. Многумина коментираа дека ова било голем пропуст, бидејќи излегува дека Меланија нешто крие…
Сепак, се верува дека Меланија е жена што обожава очила за сонце, а со оглед на тоа што не можела да ги носи сега, шеширот бил нејзиниот втор најдобар избор за денот кога целиот свет ќе го следи нејзиниот поглед.
Шеширот, со речиси машки крој, ја издвоил првата дама од другите дами во семејството Трамп. Со ова Меланија како да ја најави својата нова модна ера што будно ќе ја следиме наредните четири години.
Поврзани објави
Дизајнерите чии креации ги носела Меланија изјавиле дека им било чест да ја облечат првата дама и дека нејзината облека била производ на „најдобрите американски мајстори“.
Шеширот бил рачно шиен, а освен дизајнерот и првата дама, никој друг го немал допрено.
Јавноста ја пофалила Меланија што одбрала двајца американски дизајнери, особено поради тоа што пред тоа биле релативно непознати и што таа на овој начин ги промовирала.
Нѐ интересира само што рекла Ана Винтур за изгледот на Меланија Трамп, со оглед на тоа што таа не ја одобрува работата на споменатите дизајнери, а ни појавата на самата Меланија.
Во секој случај, едно е сигурно: Меланија ги збуни критичарите со оваа појава. Никој не очекуваше остри линии и темни бои од неа!
ФОТО: Инстаграм