Table of Contents
Авокадото е главната „ѕвезда“ во оваа шарена пилешка салата, и дава посебен вкус и шмект, заедно со зелените јаболка, целерот, краставицата и кремастиот прелив кој знаеме дека ќе ви се допадне!
Состојки
- 2 лажици масло
- 4 варени пилешки гради, исечени
- 2 стапчиња целер, ситно сецкани
- 1 зелена салата, одделни листови
- 200 гр ротквица, тенко исечена
- 1 зелено јаболко, излупено и ситно исечкано
- 1 краставица, ситно исечена
- 1 големо авокадо излупено, исечкано
Прелив
Поврзани објави
- 1 големо авокадо излупено, исечкано
- 200 гр грчки јогурт
- 15 гр млад лук, сецкан
- 15 гр копар, сецкан
- 15 гр магдонос ситно сецкан
- 3 млади кромиди, сецкани
- 4 супени лажици оцет
- 3 супени лажици маслиново масло
- 1 големо чешне лук, мелено
- сок од лимон
Подготовка
Ако користите сурово пилешко, загрејте масло во тава на средно-висок оган. Зачинете го пилешкото и пржете 7-8 минути од секоја страна, покривајќи го со капак последните 5 минути додека не се испржи. Оставете да отстои 10 минути, па исечете.
За преливот – во блендер ставете авокадо, јогурт, копар, магдонос, млад кромид, оцет, маслиново масло, лук и 1 лажица сок од лимон, додека смесата не стане убаво кремаста. Зачинете по вкус, додадете повеќе сок од лимон ако сакате.
На крај измешајте 4 лажици од преливот заедно со парчињата пилешко. Целерот, зелената салата, ротквиците, јаболкото и краставицата измешајте ги и наредете ги во чинија за сервирање. Одозгора додадете сечкано авокадо и преостанатиот прелив по желба, заедно со пилешкото.