Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 20.01.2025 година донесе одлука да назначи Сабина Џелили за координатор на друштвото за Округот Елбасан.
Сабина Џелили е родена во град Елбасан по потекло од областа Голо Брдо. Сабина Џелили е член на Македонско друштвото ‘’Илинден’’-Тирана од 2019 година и активист на македонското национално малцинство во Округот Елбасан.
Македонското друштво “Илинден“- Тирана и посакува успех како координатор на друштвото за Округот Елбасан со мандат од 2025 – 2029 година. – стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.
Post Views:
43