Овој рецепт на Маја Дукова ќе ги воодушеви љубителите на слатко-солени вкусови
Вкусен рецепт на Маја Дукова (@lets_cook_delights) што ќе ја разубави вашата трпеза! Оваа богата топка од сирење, обложена со сушена брусница и пекани, особено ќе ги воодушеви љубителите на солено-слатките вкусови.
Состојки:
- 100 г крем-сирење
- 100 г фета-сирење
- 175 г рендано чедар-сирење
- 2 лажички сечкан свеж магдонос
- 1 лажиче лук во прав
- 1/4 лажиче сол
- 1/4 лажиче свежо мелен црн бибер
- 108 г ситно сечкана сушена брусница (половина за мешавината, половина за облогата)
- 100 г ситно сечкани ореви или пекани (половина за мешавината, половина за облогата)
Поврзани објави
Приготвување:
1. Прво, пригответе ја мешавината. Со миксер или со процесор за храна изматете го крем-сирењето додека стане кремливо (околу 2 минути). Додајте рендано чедар-сирење, магдонос, лук во прав, сол, црн бибер, половина од брусницата и половина од оревите. Мешајте додека се соедини смесата.
2. Со шпатула обликувајте ја смесата во топка. Ако е потребно, обликувајте ја со раце.
3. Потоа, пригответе ја облогата. Во мала чинија измешајте ги преостанатите ореви и брусница и додајте малку сечкан магдонос. Валајте ја топката во оваа смеса, додека се обложи целосно. Завиткајте ја топката во пластична фолија и оставете ја во фрижидер најмалку 1 час или до 5 дена.
4. Извадете ја топката од фрижидер 20-30 минути пред да ја послужите, за да омекне малку. Ставете ја на чинија за крекери и нож за мачкање. Добар апетит!