Целулитот не исчезнува за еден ден. Но со малку трпение и овој домашен пилинг, со сигурност за брзо ќе се ослободите од него.
Целулитот е честа состојба на кожата која обично е предизвикана од таложење на маснотии. Маснотиите прават кожата да изгледа нерамномерна. Но, не се само жените со прекумерна тежина кои можат да имаат целулит – и слабите жени страдаат од овој проблем. Иако оваа појава е почеста кај жените, сепак може да настане и кај мажите.
Со овој домашен пилинг и масирање на кожата ќе успеете да ја ублажите појавата.
Поврзани објави
Еве како да го направите овој пилинг: измешајте ¼ шолја кафе со 2 лажици маслиново масло и 3 лажици топла вода. Оставете го ова да отстои 10 минути, дозволувајќи му на кафето да впие вода. Нанесете го пилингот на местата со целулит и масирајте пет до десет минути со циркулациони движења. Исплакнете со топла вода.
Кофеинот во кафето помага за проширување на крвните садови, а со тоа ја подобрува циркулацијата на крвта. Ова заедно со антиоксидансите во кафето помага ефикасно да се ублажи целулитот.
Фото: Freepik.com