Изгледаше дека бракот ќе им опстане, но сепак дојде до развод. Секој тргна по својот пат, тој се впушти во нова романса и доби дете, а таа… Приказната ги шокира сите, но кога ќе размислите, сè е добро кога ќе заврши така.
Во 2023 година, познатиот актер Лиев Шрајбер на 55 години доби дете со 25 години помладата партнерка Тејлор Нисен. Датумот на раѓањето на детето не е познат, а ова е прво заедничко дете на Шрајбер и Тејлор, додека, пак, тој има две момчиња од бракот со познатата актерка Наоми Вотс.
Актерот неодамна прошета низ Њујорк со својата нова партнерка, туркајќи количка со бебето. Врската засега тече нормално. Во април 2023 година, стана познато дека ќе има дете со Тејлор Нисен кога таа го покажа трудничкиот стомак. Подоцна, Тејлор неколку пати го придружуваше на црвениот тепих.
Лиев Шрајбер и Тејлор Нисен почнаа да се забавуваат во 2017 година. Актерот беше во брак со актерката Наоми Вотс од 2005 до 2016 година. Тие заедно се грижат за децата Александар Саша Пит и Семјуел Семи Кеј, кој сака да го промени полот, како што се пишуваше, а на премиерите се појавуваше со својот татко облечен во фустан.
Нивната врска навистина не беше функционална и траеше со години. Наоми сакаше да патува, да снима филмови, да оди на премиери, да се појавува на филмски фестивали и на црвениот тепих. Лиев сакаше сосема поинаков живот, потивок живот во Њујорк со нивните деца“, рекол изворот, тврдејќи дека тоа е причината за разделбата на поранешната двојка.
Се шпекулираше дека актерот ја напуштил бившата партнерка поради неговата нова љубов. Многумина го критикуваа поради тоа, посочувајќи дека тоа што го направил е срамно.
Поврзани објави
Сепак, поранешната двојка и по раскинувањето е во добри односи, Наоми Вотс (55) не пропушта да му го честита роденденот на поранешниот партнер на Инстаграм.
Во јуни 2023 година, таа се омажи со својот колега Били Крудуп, со кој беше врска, додека се шпекулираше дека Лиев е свршен со Тејлор.
Фото: Инстаграм (@lievschreiber, @allthings_naomiwatts, @justjared)