Коментарите само се нижат, врската на Џејсон Момоа е тема број 1
Откако се дозна дека актерот Џејсон Момоа е во врска со 32-годишната актерка Адрија Арјона, корисниците на социјалните мрежи јасно дадоа до знаење дека по малку се згрозени од нивниот однос.
Џејсон и Адрија се запознале уште во 2019 година за време на снимањето на трилерот на Нетфликс Sweet Girl, каде што глумеле заедно. Тогаш развиле пријателство, кое потоа прераснало во романтична врска.
Зошто луѓето се згрозени од нивната врска?
Момоа во јануари 2022 година се развел од актерката Лиса Бонет, со која има две деца – ќерка Лола Лолани и син Нако-Волф.
Токму ќерката на Момоа е причината зошто неговата љубов со Адрија ги вознемирува обожавателите. Имено, покрај разликата во годините (Момоа има 46), на многумина им падна в очи и големата физичка сличност меѓу Адрија и ќерката на Џејсон, Лола.
Поврзани објави
Еве како изгледа ќерката на Џејсон:
„Оваа нова девојка многу личи на Лола“, „Изгледа како негова ќерка. Би рекол дека е премлада за него…“, „Мисли ли уште некој дека неговата нова девојка изгледа како возрасна верзија на неговата ќерка?“, „Прво помислив дека тоа е Лола!“, гласат коментарите на социјалните мрежи.
Што мислите вие? Дали си личат?
ФОТО: Инстаграм