Дознајте како Ксенија Деспотоска ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник
Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше нашата модна блогерка Ксенија Деспотоска (@ksenijadespotoska)
1. Најголемиот тренд моментално е… дефинитивно тексас, здолништа, чантички, фустани и корсети…
2. Најмногу им се восхитувам на… луѓето кои се стремат кон вистинските вредности во животот.
3. Се издвојувам од другите зашто сум… природна и искрена.
4. Убавина е… она што го носиме во нас! Добрината, човечноста, широката насмевка и срдечниот поглед на несовршено лице.
5. Се грижам за моето здравје така што… си го барам мирот во секоја една работа, тренирам и балансирам со исхраната.
6. Мојот животен стил би го опишала како… многу динамичен.
7. Ме нервира кога… мојата срамежливост се толкува како ароганција.
Поврзани објави
8. Среќна сум кога… моите блиски се здрави и среќни и кога можам барем за момент да го направам некого среќен.
9. Талент што би сакала да го поседувам е… да знам подобро да пеам.
10. Мојот најголем страв е… учам да го победувам и да го немам.
11. Веднаш би се преселила во… тука ми е убаво и не би сакала да се преселам.
12. Најголемата лекција што ја имам научено е… дека некои работи не можеме да ги контролираме, само треба да ги прифаќаме.
13. Љубов е… почит, разбирање, внимание, толеранција и поддршка.
14. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми се… интервјуата, а би сакала модата да биде позастапена.
Разговарала: Марија Лукаревска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА
АЛЕКСАНДРА ШИЈАКОСКА: „Убавина е да си легнеш со чиста совест на перница“