Почетна ЕкономијаЕден загинат и десетици повредени во рускиот напад на железничка станица во североисточниот дел на Украина

Еден загинат и десетици повредени во рускиот напад на железничка станица во североисточниот дел на Украина

од nenad
1 минути читај за

Според информациите од локалните власти, еден човек загина, а десетици беа ранети, меѓу кои и деца, во руски напад со беспилотно летало врз железничка станица во североисточниот дел на Украина, во областа Суми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање изјави дека градот Шостка, на 170 километри северно од регионалниот центар Суми, бил цел на остри напади во текот на денот.

Тој наведе дека мета на нападите биле енергетскиот систем и железничката станица, а бил погоден и еден воз. Зеленски информираше за еден смртен случај и дополнителни повреди.

Обвинителството соопшти дека телото на 71-годишен маж е пронајдено во вагон од воз.

Гувернерот на областа, Олех Грихоров, преку Телеграм информираше дека осум лица се пренесени во болница. Меѓу повредените имало тројца малолетници на возраст од 8, 11 и 14 години. Во претходните извештаи се зборуваше за десетици повредени.

Зеленски уште во текот на денот го осуди нападот. „Русите сигурно знаеле дека пукаат врз цивили. А тоа е тероризам, кој светот не смее да го игнорира“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Украина, со поддршка од Запад, повеќе од три и пол години се спротивставува на руската инвазија. Германската агенција ДПА потсетува дека Русите континуирано ги таргетираат цивилите во Украина во своите напади.