Почетна ЕкономијаМасовен протест во Атина за годишнината од убиството на 15 годишно момче, инциденти во Солун

Масовен протест во Атина за годишнината од убиството на 15 годишно момче, инциденти во Солун

од nenad
1 минути читај за


Масовен протест се одржа вечерва во центарот на Атина за годишнината од убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос во 2008 година, кој беше застрелан од полицаец, додека пак во Солун имаше инциденти меѓу дел од демонстрантите и полицијата, јави дописничката на МИА од Атина. Додека маршираа низ улиците во центарот на Атина демонстрантите извикуваа слогани против полицијата, но и дека денешниот ден му припаѓа на Алекси.

Главниот дел од протестот заврши мирно, а дел од учесниците се упатија кон населбата Ексархија каде што беше убиено момчето и која важи за населба на анархистите, каде што имаше мали инциденти. Од 2008 година кога беше убиен Григоропулос секоја година на 6 декември во Атина, но и во други грчки градови, традиционално се одржуваат протести, а за безбедноста во грчката метропола денеска беа ангажирани над 4.000 полицајци.

  

Во Солун, според локалните медиуми, вечерва имаше инциденти меѓу демонстрантите и полицијата.