81
Деветнаесетгодишно момче е тешко повредено откако излетал од патот Берово-Струмица. „Вчера во 06.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Џердови воденици“,патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од П.В.(19) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.