Една од недвижностите кои ги поседуваат Бренa и Боба е луксузната вила во Мајами. Парот ја реновирал куќата, а нејзината сегашна вредност се проценува на околу 18.000.000 долари.
Вилата на Лепа Бренa во Мајами се наоѓа на брегот на океанот и има 557 метри квадратни. Поседува шест спални соби и шест бањи, две кујни и бар на отворено.
Боба целосно ја опреми куќата, не физички, туку со својата визија. Нарача мебел од Италија, но тој ужива во тоа. За една година повеќе од 15 пати беше во Мајами од различни причини, но на крајот сè излезе како што сакаше – открил извор за Блиц.
Сега семејството Живојиновиќ ужива во убавините на куќата на брегот.
Тоа е точно, куќата наскоро ќе биде целосно готова и одлучивме да ја продадеме. Мислам дека ова ќе биде куќа која беше изградена за рекорден рок во Мајами, бидејќи почнавме со изградба минатата година, а еве наскоро ќе биде готова. Бившата тенисерка Мартина Навратилова живее до нас, а нејзината куќа се гради веќе три и пол години. Размислувавме да ја изнајмуваме, но потоа Бренa и јас седнавме и се договоривме да ја продадеме, па следната година ќе изградиме нова. Нашиот бизнис повеќе е поврзан со Европа, а штета е таква куќа на такво место да стои празна. Од друга страна, по пандемијата на коронавирусот, луѓето од Њујорк почнаа да се селат во Мајами, кој стана посакувана дестинација за живеење. По брегот има релативно мал број куќи и цената во моментовим е добра. Одлучив да ја искористам таа можност – раскажал Боба за Блиц.
Поврзани објави
Фото: Printscreen Instagram