Почетна Убавина и здравје„Ѕвездата на Гранд“ во посета на македонската светиња (ФОТО) – Убавина и здравје

„Ѕвездата на Гранд“ во посета на македонската светиња (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Мики Секуловски сподели фотографија од посетата на еден од најпознатите македонски манастири – Свети Јован Бигорски.

Пејачот, кој македонската публика го запозна преку „Идол“, а подоцна се натпреваруваше и во „Ѕвездите на Гранд“, објави кадар од манастирскиот комплекс, посветен на Свети Јован Крстител.

Бигорскиот манастир потекнува од 11 век и повеќе од еден милениум е меѓу значајните духовни и културни места во Македонија. Манастирот е познат и како место кое го посетуваат бројни јавни личности.

Инстаграм


Поврзани објави

За Секуловски, посетата доаѓа во период кога зад себе има успешно телевизиско натпреварување. Во „Ѕвездите на Гранд“ тој го освои второто место, по што продолжи активно да настапува.

ТикТок

Велешанецот денес е препознатлив по своите настапи, а има пеено и како придружен вокал на концерти на Цеца Ражнатовиќ.

Screenshot youtube