Малкумина знаат дека Јеца има кец (во ракавот)!
Поп-пејачката Јелена Карлеуша по десет години ги израдува своите фанови и го објави новиот долгонајавуван албум „Алфа“. Воведната песна се вика Karly b*tch, а пејачката на почетокот им се обраќа на слушателите.
Отсекогаш сум се трудела да бидам на вистинската страна. Оспорувана, фалена – сеедно. Емоциите, страста, имагинацијата ме внесоа во вашиот живот. За некого нормална, за некого изрод, но во сѐ секогаш АЛФА – вели ЈК.
Поврзани објави
Можно ли е, жено, за 10 години да не можеш да снимиш повеќе од еден спот“, „Дигиталната книшка не е ни комплетна. Има уште песни (3-5)“, „Искрено, Јецо, повеќе би сакал да ти пишувам песни! Голема катастрофа. Не верував дека ќе го напишам ова, но еве го. 11 години чекање за ова”, „Исто! Тони повторувани зборови, одново и одново. Каде се вокалот и креативноста”, „11 години нетрпеливо чекав да ми биде претставен само едем и единствен светски спот за песната Karly b*tch. Што е ова?”, „Полека, ќе дојде и преостанатото“, се коментарите на малку разочараната публика, пренесува порталот „Србија данас“.
Преостанатите материјали се очекуваат кон крајот на август и почетокот на септември, а се надеваме дека поп-пејачката ќе ги оправда очекувањата.
Фото: Printscreen Youtube, Instagram