Почетна Убавина и здравјеСега ги обвинуваат дека организираат оргии! – Убавина и здравје

Сега ги обвинуваат дека организираат оргии! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Канје Вест и Бјанка Цензори сега се обвинети за организирање оргии

Изгледа дека не постои поконтроверзна љубовна двојка од Канје Вест и Бјанка Цензори, кои не престануваат да ги полнат медиумите со своето скандалозно однесување. И токму кога работите стивнаа, двојката се соочи со нов скандал, откако Канје Вест беше обвинет за сексуално злоупотребување од страна на поранешна асистентка.

Лаурен во своето обвинување ја споменала и Бјанка, истакнувајќи дека таа имала голема улога во тоа, бидејќи била организаторка на оргиите. Канје, наводно, ја принудувал својата сопруга да учествува во оргиите што ги организирал.

Ова не е првпат да ја шокираат јавноста, а од самиот почеток на љубовната врска очајно се трудат да привлечат внимание со своето скандалозно однесување.

Канје Вест ѝ наредил на својата сопруга Бјанка Цензори никогаш да не зборува и ѝ поставил низа правила според кои мора да живее, одредувајќи ѝ ја и храната што може да ја јаде, како и облеката што смее да ја носи.

„Канје има неколку правила за Бјанка, според кои таа никогаш не смее да зборува и мора да го носи тоа што тој сака да го носи. Тој, исто така, од неа бара да јаде одредена храна и да вежба, иако тој не вежба. Таа веќе нема свои мисли и му се покорува, бидејќи тој ја увери дека се како кралското семејство“, открил анонимен извор пред извесно време.

„Се откажа од сè и ѝ кажа на една поранешна пријателка да се ‘изгуби’ кога се обиде да ја праша дали е добра. Вели дека нејзините пријатели ѝ завидуваат поради славата“, додал тој.


Поврзани објави

Бјанка и Канје се венчале во декември 2022 година, откако тој дефинитивно се развел од Ким Кардашијан. Оттогаш, тие се неразделни и привлекуваат големо внимание со своето невообичаено однесување на улица.

Не е тајна дека славниот рапер изгуби целосна контрола над себе во моментот кога дозна дека Ким Кардашијан го остава. Се чини дека неговата ментална болест, која му била дијагностицирана уште додека бил во брак со Кардашијан, значително напреднала.

Семејството на Бјанка не го поддржува бракот на ќерка си со раперот, а откако испливаа шокантни детали за нивниот зет, ќе имаат уште повеќе причини за загриженост.

ФОТО: Инстаграм