Почетна ЕкономијаДржавите од ЕУ бараат 127 милијарди евра кредити за дополнително вооружување

Државите од ЕУ бараат 127 милијарди евра кредити за дополнително вооружување

од nenad
1 минути читај за

Европската комисија денес објави дека 18 држави имаат доставено барања за заеми во вредност од 127 милијарди евра, преку механизам креиран за унапредување на одбранбените способности на континентот.

Програмата, именувана како SAFE, е во срцето на стратегијата на европската администрација за побрзо заедничко набавување на оружје, како одговор на наводната руска опасност.

Креирана со цел да ја намали европската поткрепеност на САД, програмата им овозможува на земјите членки да добијат заеми под повластени услови. Според европскиот комесар за одбрана, Андријус Кубилиус, “18 земји поднеле барање за овие кредити, во вкупна вредност од над 127 милијарди евра.”

Франција, Шпанија, Италија и Полска се меѓу државите кои се стремат кон добивање на овие финансии.

SAFE е дел од поширока програма што Европската комисија ја презентираше кон крајот на март, со цел активирање на до 800 милијарди евра за дополнително вооруживање на европскиот континент.

Фото: ЕК .

Извор: МИА