Почетна ЕкономијаХеликоптерот на МВР се повлече од Визбегово заради густиот чад

Хеликоптерот на МВР се повлече од Визбегово заради густиот чад

од nenad
1 минути читај за

Хеликоптерот “агуста бел 212” на Министерството за внатрешни работи, кој учествуваше во интервенцијата за справување со пламените јазици кај Визбегово, моментално е исклучен од акцијата поради интензивниот ветер и непроѕирниот чад.

“Хеликоптерот на МВР ‘агуста бел 212’ беше упатен да помогне во гаснењето на пожарот во Визбегово”, потврдија од МВР.

Извршени беа повеќекратни исфрлања на вода, но заради зголемениот ветар и густата магла од чад, засега леталото е вратено во базата, информираа од министерството. Покрај хеликоптерот, во гаснењето на огнот е вклучен и авион “ер трактор” на Дирекцијата за заштита и спасување.

Огнената стихија се локализира и од земја, а во акцијата учествуваат огнеборци од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на “Комунална хигиена”.

Пожарот беше пријавен во СВР Скопје во 09:16 часот. Тој избувна на отпад со стари, оштетени возила со плински боци, поради што повремено се слушаа и експлозии.

Сопственикот на отпадот е приведен, а според информациите од МВР, во пожарот е повреден еден граѓанин кој е пренесен на лекарски преглед.