По разводот на Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ, нивната ќерка Мануела објави фотографија што ги стопли срцата – семејството е обединето на тајна свадба во замокот Ебенфурт.
Мануела Бјелиќ, ќерката на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бјелиќ, заблеска на фотографија со татко ѝ, покажувајќи дека и покрај разводот на родителите, во семејството владеат љубов и почит.
Фотографијата беше објавена точно една година по разделбата на славниот пар, ставајќи крај на сите шпекулации за наводна оддалеченост меѓу Тони и неговите деца.
Со оваа објава, Мануела јасно покажа дека односот со татко ѝ е цврст и искрен. Во нивниот замок, сместен јужно од Виена, неодамна се одржа семејна свеченост – тајното венчање на нејзиниот брат Марко Бјелиќ и неговата избраничка Мелани Димитријевиќ.
Поврзани објави
Свадбата се одвивала во строго затворен круг, далеку од јавноста. На фотографиите што се појавија подоцна на социјалните мрежи, се гледаше бајковитиот амбиент на замокот, каде младенците го изговориле судбоносното „да“.
Мануела и Марко неодамна започнаа заеднички семеен бизнис – дел од замокот го изнајмуваат за приватни настани и ексклузивни прослави, а оваа свадба била прва од тој тип во нивниот дворец.
printskrin Youtube-hype tv toni bjelic i dragana mirkovic