Почетна Убавина и здравје(Видео) Теа Таировиќ паднала на колена на свадбата! Во еден момент, не можела да ги контролира емоциите

(Видео) Теа Таировиќ паднала на колена на свадбата! Во еден момент, не можела да ги контролира емоциите

од nenad
1 минути читај за

Српската пејачка Теа Таировиќ се омажи минатиот четврток, а деталите од свадбата сè уште ја интригираат јавноста. Иако пејачката сакаше нејзината свадба да не биде јавна, туку да биде интимен чин, во 21 век е малку потешко да се направи тоа.

Освен медиумите кои на еден или на друг начин известуваа за венчавката на познатата пејачка, присутните гости споделија интересни моменти од свадбената прослава на социјалните мрежи.

Моментот кога Сања Вучиќ пее, а Теа клекнува пред неа е едно од највиралните видеа од гореспоменатата свадба.

Вучиќ ја отпеала песната „Хајде“, која е еден од најголемите хитови на Таировиќ, а Сања е една од авторките на текстот.


Поврзани објави

Гласот на Сања и одличната мелодија ја развеселија невестата, а во еден момент невестата паднала на колена пред пејачката и со насмевка на лицето се веселила со својата песна.

 

Да потсетиме, на свадбата, Теа блескала во бела тесна венчаница и голем превез што се влечел по подот, а пред да дојде време за тортата, пејачката се пресоблекла во црвен тесен фустан, што е, како што рекла нејзината мајка, војводински обичај.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/teatairovicbalerina/