Бурсаќ објави видео од болничкиот кревет…
Пејачката Александра Бурсаќ и нејзиниот десет години помлад партнер, исто така музичар Стеван Секулиќ, се венчаа на 2 октомври во Нови Сад. На нивната свадбена веселба покрај семејството собраа и голем број колеги од јавната сцена.
Откако се вратиле од меден месец, Александра решила да се справи со здравствениот проблем со кој се бори веќе десет години. Имено, пејачката боледува од бубрежна хидронефроза, поради што морала да оди на операција. Операцијата требаше да биде направена пред свадбата, но пејачката ја пролонгираше.
Бурсаќ сега се огласи од болничката соба на својот Инстаграм профил.
Поврзани објави
Додека ја чекаше операцијата, Александра ја искористи можноста да ја направи фотографија додека лежи во кревет. Покрај тоа, таа покажа како изгледа нејзината соба во која моментално се наоѓа.
Инаку, хидронефрозата е болест на урогениталниот систем, која се карактеризира со проширување на бубрежните канали. Се јавува како резултат на повратен притисок предизвикан од акумулација на урина во уринарните канали, кога урината не може нормално да тече поради механичка блокада. Доколку хидронефрозата не се лекува, навремено и на адекватен начин, во терминалната фаза на болеста доаѓа до сериозно оштетување на бубрезите, што може да доведе до трајно откажување на неговите функции.
Фото: printskrin Youtube/Blic и Instagram printscreen/bursacaleksandra_official
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: