Почетна Убавина и здравјеШто можете да направите за да го одржите нивото на шеќер стабилно

Што можете да направите за да го одржите нивото на шеќер стабилно

од nenad
1 минути читај за



Некои луѓе гликозата ја согоруваат брзо, а некои бавно. Тоа никогаш не може да се промени, но можете да влијаете на тоа колку сложени јаглехидрати ќе внесете со оброците.

Како луѓето ја согоруваат гликозата:

БРЗО:

Лесно губат тежина

Кога се гладни, чувствуваат анксиозност и нестабилност

Многу се потат, дури и при помали напори

БАВНО:

Лесно добиваат на тежина и тешко слабеат

Кога се во хипогликемија, стануваат раздразливи

Речиси постојано им е ладно, особено на рацете и нозете


Поврзани објави

За да не ви го нарушува животот хипо или хипергликемија со своите симптоми, важно е да се придржувате до протокол кој гликемијата ја држи стабилна – налик на права линија.

Што можете да направите за да го одржите нивото на шеќер стабилно:

НАУТРО

  • Испијте 2,5 дл топла вода по будењето
  • Појадувајте во рок од 90 минути по будењето
  • Не пијте кафе пред појадок
  • Појадок со високо ниво на протеини (јајца, протеински шејк, сендвич со лосос)
  • Внесете 30–50 г јаглехидрати (пр. две парчиња интегрален леб од из’ртено зрно)

РУЧЕК

  • Ручајте три часа по појадокот
  • Најмногу калории треба да внесете со овој оброк
  • Внесете една врста јаглехидрати: интегрален ориз или грав
  • Внесете масти: авокадо, маслиново масло, семки
  • Земете дигестивен ензим како суплемент

УЖИНА

  • Ужинајте два и пол до три часа по ручекот
  • Изберете храна што ќе ве засити до вечерата (оризови крекери со авокадо или хумус, јаболко со путер од кикирики и сл.)

ВЕЧЕРА

  • Вечерајте два и пол до три часа по ужината
  • Внесете растителни и животински протеини со свеж или варен зеленчук
  • Избегнувајте житарки и секаков шеќер
  • Легнете да спиете по три до четири часа

Текст: Лидија Ќулибрк