Почетна Убавина и здравјеБила на јахта со двајца мажи, а обдукцијата го шокирала светот – Убавина и здравје

Била на јахта со двајца мажи, а обдукцијата го шокирала светот – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Обдукцијата на телото на Натали Вуд шокирала многумина и покажала одредени траги

Поминаа речиси 44 години од трагичната смрт на Натали Вуд. Актерката, чиј страв од вода бил познат во Холивуд, го изгубила животот од она од коешто најмногу се плашела, а тоа било давење по пад од брод.

И додека многумина се сомневале дека нејзиниот сопруг Роберт Вагнер имал некаква врска со нејзината смрт, еден патолог тврдел дека најголемиот виновник за тоа била нејзината јакна.

Доктор Томас Ногучи, познат мртвопроверител за познатите ѕвезди, изнел теорија дека Натали би го преживеала падот да не носела јакна која се натопила со вода. Доктор Ногучи, чија исповед е главната тема во книгата LA Coroner: Tomas Noguchi and Death in Hollywood, бил задолжен за аутопсијата на 43-годишната ѕвезда и забележал дека Натали носела црвена јакна, која поради водата тежела речиси 20 килограми, што ги ограничило нејзините движења со рацете. Освен тоа, Натали имала голема рана на десното рамо, абразија на лицето, повеќе повреди на нозете и 0,12 промили алкохол во крвта.


Поврзани објави

„Нејзината натопена јакна ја предизвикала нејзината смрт“, гласеле зборовите на доктор Ногучи, кој во својата кариера бил задолжен и за аутопсиите на Роберт Ф. Кенеди и Мерилин Монро.

Тој додал дека веројатно Натали била одлучна да побегне од сопругот. Подоцна добил информација дека пред нејзината смрт избила караница помеѓу Вагнер и Кристофер Вокен, кој исто така бил на јахтата.

„Вагнер призна дека му викнал на Вокен: ‘Зошто, по ѓаволите, не престанеш да се мешаш во нејзината кариера? Веќе има доволно луѓе кои ѝ кажуваат што треба да прави’, по што зграпчил празно шише и го скршил од масата“, изјавил Ногучи, кој неодамна наполнил 98 години.

Околностите кои довеле до нејзината смрт и понатаму остануваат мистерија, а Ногучи во службениот запис напишал дека причината за смртта е давење.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @nataliewood